Ограничувањето на движењето на старите дизел возила во Германија продолжува со неговото ширење и Германците масовно се стремат кон тоа да се ослободат од овие автомобили. Дали знаете каде одат тие возила?
Одговорот на ова прашање го дава Autozeitung, а според него извозот на старите дизел возила од Германија во текот на минатата 2018 година пораснал за 20.5% во однос на претходната година.
Чудно е тоа што овие автомобили не се извезуваат само во земјите од Источна Европа, туку сосема извесно тие преовладуваат. На Балканот има солиден увоз на овие возила, а во продолжение можете да видите каде се извезуваат старите германски дизел автомобили.
ЗЕМЈА РАСТ НА УВОЗОТ НА ДИЗЕЛ ВОЗИЛА 2017/2018
Украина 136,8%
Хрватска 89,6%
Словенија 51,5%
Австрија 41,3%
Франција 34,8%
Шпанија 30,8%
Словачка 29,0%
Чешка 28,9%
Бугарија 27,7%
Романија 26,8%
Белгија 21,0%
Италија 15,4%
Литванија 15,3%
Португалија 13,1%
Албанија 12,2%
Данска 11,2%
Естонија 9,6%
Полска 8,9%
Унгарија 1,6%
Србија 1,0%
Летонија -8,5%
Финска -9,0%
Швајцарија -18,7%
Норвешка -25,6%

Следете не и на:

