Организацискиот одбор на Формула 1 потврди дека трките во Сингапур, Азербејџан и Јапонија и дефинитивно се откажани.
Овие трки беа во првичниот календар за возење. Така во Баку, главниот град на Азербејџан требаше да се вози на 7 јуни, трката во Сингапур беше закажана за на 20 септември додека во Сузука, Јапонија на 11 октомври.
Сега овие трки и дефинитивно се откажани, а оваа одлука произлегува од тоа што поради коронавирусот претходно беа одложени неколку трки. За да може истите да се возат, а при тоа календарот да не е толку збиен, FIA ја донесе оваа одлука. Од FIA наведуваат и дека причината за одложувањето на трката во Јапонија се големите рестрикции за движењево оваа земја.
Покрај овие, откажани се и трките во Австралија, Холандија, Монако, Франција,, додека одложение се оние во Бахреин, Виетнам, Кина и Канада.