Откажан уште еден саем за автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Саемите за автомобили немаат среќа. Не само што речиси сите саеми закажани за оваа година беа откажани, се откажуваат и оние кои треба да се одржат и следната година.

Иако не популарен во глобални рамки сепак саемот за автомобили во Брисел кој е најпопуларниот во БЕНЕЛУКС се одложува поради пандемијата.

Саемот првично беше закажан за периодот од 15 до 24 јануари 2021 година, но Автомобилската федерација на Белгија (FEBIAC) преку соопштение го откажа овој настан.

Овој саем кој е од годишен карактер се одржува на 45 илјади метри квадратни во Експо центарот во Брисел. Годишно го посетуваат околу 600 илјади посетители кои следната година нема да може да уживаат во истиот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK