сабота, 26 февруари, 2026 година

Откажан и “Фестивалот на брзина” во Гудвуд

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

И “Фестивалот на брзина” кој секоја година се одржува во Гудвуд е откажан. Причината е добро позната – коронавирусот.

“Со жалост моравме да донесеме одлука за неодржување на „Фестивалот на брзина“ оваа година. Сите сопственици на влезници имаат можност да побараат рефундација на средствата” стои во соопштението на организаторите. Останатите кои нема да се одлучат да побараат рефундација на средствата, со истите влезници ќе може да присуствуваат на фестивалот кој ќе се одржи следната година.

- Advertisement -

Сепак организаторите наведуваат дека е можно овој настан да се одржи зад затворени врати, а љубителите ќе може да го следат настанот преку интернет.

Инаку овој фестивал за прв пат се одржа во 1993 година, на имотот на Чарлс Гордон-Леноџ, 11-от војвода на Ричмонд, лоциран во Гудвуд, Англија.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја