Серијата на откажување манифестации поврзани со автомобилизмот продолжува. По откажувањето на саемите во Женева, Пекинг, Њујорк и Детроит како и фестивалите во Гудвуд и Пибл Бич, следен на листата се најде и EICMA саемот.
Станува збор за најпопуларната саемска манифестација поврзана со мотоциклистите, која на годишно ниво се одржува во Милано. Оваа вест ја соопшти директорот на саемот Паоло Магри кој изјави дека актуелната здравствена ситуација не го дозволува одржувањето на овој саем.
Инаку овој саем требаше да започне на 7 ноември и да трае се до 10 ноември.
Организаторот не соопшти дали планира алтернативен настан, без или со ограничен број на присутни, а ниту пак соопшти каков е планот за следната година.