Жители на Торонто во Канада ги принудија локалните власти локалните власти да го насочат вниманието на огромната дупка на улицата во центарот на градот после неколку месеци пасивност.
Тие направија интересен потег со тоа што засадија домати во дупката.
Откако многубројните сигнали до институциите немале никаков ефект, мештаните ја објавија јамата за „јавна градина“ и ја повикаа општината да не брза со ремонтот додека плодовите не бидат зрели.
Акцијата со која мештаните си поиграа со властите предизвика реакција во истиот момент поради големиот оддек на социјалните мрежи.
За ова прашање лично се заложил градоначалникот на Торонто, Џон Тори, кој наредил растенијата да бидат пресадени на друго место за да можат „градинарите“ да ги собера плодовите, а дупката да биде веднаш поправена.