Откако Германците решија да градат фабрика: Ердоган нареди да се купуваат VW Passat

ОБЈАВЕНО НА:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган нареди на своите партиски органи да купат Volkswagen Passat за службени автомобили.

Во моментов неговата политичка партија е во потрага по добавувач бидејќи актуелниот договор за користење на автомобили истекува годинава. Оттука тој наредил да се набават автомобили од моделот Passat на брендот Volkswagen со што ќе се заменат актуелните службени автомобили од брендот на Audi.

Оваа изјава доаѓа откако Volkswagen Групацијата одлучи да започне со изградба на фабрика во западниот дел на земјата, 40 километри од Маниса. За потсетување, годишното производство е планирано да изнесува 300 илјади автомобили, а во оваа фабрика ќе се произведуваат автомобили од брендовите на Volkswagen, Skoda и Seat.

Некои медиуми наведуваат дека како причина за инвестирање во оваа земја е и фактот што во моментов има над 100.000 службени, владини автомобили, па во иднина може да се искористи присуството на Volkswagen во земјата за заменување на возниот парк со модели од овој производител.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK