За 16 години колку што Skoda е дел од концернот на Volkswagen, чешката компанија бележи само рекорди, а најновиот е 15 милиони произведени возила во заедница. Сз почна во 1991 година, а целосната сопственост над Skoda беше реализирана девет години подоцна.
Во 1991 година Чесите го нуделе моделот Favorit кога конечно се прекина со производство на возила со погон на задната оска. Favorit се произведувал до 1994 година кога доаѓа Felicia, што претставува подигање на соработката меѓу Skoda и VW на повисоко ниво.
Потоа доаѓа моделот Octavia, заснован на механика и платформа од четвртата генерација на Golf. Octavia сѐ уште е најпродаван модел на компанијата, и од 1996 година досега се произведени 5,6 милиони возила.
Лани Skoda испорачала 1,1 милион возила, а со воведувањето на два СУВ автомобили сега се очекуваат уште подобри резултати.