Освежениот ASX пристигна во Македонија

ОБЈАВЕНО НА:

Бестселерот на Mitsubishi повторно со интересна понуда и со дополнителни подароци за оние што ќе решат да го купат со највисокото ниво на опременост. Со Invite plus доаѓа подарок и мултимедија, со навигација и камера на задниот дел од возилото

По европското претставување на новиот Mitsubishi ASX, на неодамнешниот саем за автомобили во Париз, моделот пристигна и во Македонија.

Освежувањето кај новиот ASX доаѓа со целосно менување на изгледот на предниот дел на возилото, односно се применува новиот визуелен идентитет на Mitsubishi Motors, т.н.„Динамичен штит“.

Новиот изглед всушност е дел од долгорочната дизајн филозофија на Mitsubishi Motors, според која формата ја следи функционалноста, а наследена од заштитната решетка на Pajero. Освен во надворешниот изглед, ќе има извесни промени во внатрешноста кои се однесуваат на вградување нови, иновативни материјали и поголема удобноста за патниците.

Бестселерот на Mitsubishi, АSX во Македонија се нуди заедно со 7 инчен мултимедијален уред, кој содржи навигација и задна камера за паркирање. Во светски рамки, но и на македонскиот пазар, ASX постигна огромен успех и досега се произведени над 1,1 милион возила од 2010 година.

asx-ceni

asx-motori

Следете не и на:

24AUTO NETWORK