Освежената Skoda Octavia во Македонија со цена од 14.300 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Покрај промоцијата на новиот Skoda Kodiaq, во Порше Македонија во понудата ја имаат и редизaјнираната Skoda Octavia. Веднаш во понудата ќе бидат и RS и Scout, и со седум различни мотори од што пет бензински и два дизелски.

Понудата почнува од најмалиот 1.0 ТСИ со 115 КС, иако основниот модел што почнува од 14.330 евра всушност е мотор 1.2 ТСИ со 85 КС. Во понудата на бензински мотори се наоѓаат уште и 1.4 литарски TSI со 150 КС, со мануелен и со автоматски DSG менувач, потоа две варијанти на 1.8 литарски и најсилната верзија 2.0 TSi RS со 230 КС.
Кај дизелските агрегати понудата почнува со 1.6 литарскиот TDI, со 90 и 115 КС, и со 2.0 TDI со 150 и 184 КС.

Оctavia ги комбинира типичните предности на брендот и придонесе значително за растот на чешкиот производител со повеќе од 5 милиони продадени автомобили до денес. По сеопфатното освежување, третата генерација на моделот, кој беше воведен во 1996 година, уште еднаш ја нагласи врвната форма, како визуелно така и во поглед на технологијата.


Во прилог на поголемата внатрешност и исклучителна вредност за вложеното, Octavia сега нуди повеќе системи за безбедност и поголем комфор, со што ја засилува својата одлична позиција во сегментот. Измени на дизајнот направени како дел од сеопфатната надградба на моделот овозможи Octavia да има дополнителни единици за осветлување во рамките на предните светла, со кристален изглед, динамичен и емотивен севкупен впечаток. Отсега новите LED светла се достапни со Ambition нивото на опрема.

Покрај видливиот дел кај новата Octavia вградени се нови високо – квалитетни материјали, широк спектар на мотори, пет нови системи за помош на возачот со кои се зголемува удобноста и безбедноста, нов забавно – информативен систем, Connect – интернет услуги, забава, удобност и помош, како и неизбежните „Simply Clever“ решенија за секојдневна практичност.

Фото: Орце Поповски

Следете не и на:

24AUTO NETWORK