Освежен Fiat 500L со 40 отсто нови делови и три верзии

ОБЈАВЕНО НА:

Fiat реши да го освежи моделот 500L, а меѓу другото при редизајнот сменети се 40 отсто од деловите што досега се вградуваме. Плус има и три нови верзии, Urban, Cross и Wagon.

Откако беше направен редизајн на моделот 500, сега дојде на ред и поголемиот брат 500L. Овојпат речиси половина од деловите се сменети. Сепак има неколку помали модификации на каросеријата, хромирани делови и редизaјн на куќиштето на ЛЕД светлата. Сега 500L изгледа поинтересен и попривлечен. Може да се избира меѓу 37 понудени бои на каросеријата што може да се комбинираат со три бои на покривот. Меѓу видливите промени на каросеријата спаѓаат и пониско поставените светла за магла кои сега се поефикасни.

Сега 500L добива и видно изменета патничка кабина што ка карактеризираат нови бои, хромирани детали, нови материјали, поинаков управувач, редизајниран аинструмент табал и рачка на немувачот. Со мултимедијалниот систем Uconnect се управува преку 7 инчен монитор.

Fiat 500L може ќе добие и 1.4 литарски бензински мотор со 95 КС, а во посилна верзија и со 120 КС. Туке ќе биде и 0.9 литарски TwinAir бензински мотор со 105 КС. Оние што сакаат плин ќе можат да изберат 1.5 литарски TJet со 120 КС. Основниот дизелски мотор во понудата ќе биде 1.3 литарски MultiJet со 95 КС, или оној посилниот 1.6 литарски со 120 КС.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK