Осумката на BMW со „златен“ сјај (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

На годинешната трка „24 часа Ле Ман“ од BMW се одлучија за официјална премиера на новото купе. Последен пат во понудата на Баварците имаше осма генерација пред близу две децении и тоа меѓу 1989 и 1999 година.

Дизајнот на новиот модел со внатрешен индекс G15 се разликува од концептот, покажан во мај минатата година, но Германците успеале да целосно да го зачуваат сјајот. Впечаток дава оформувањето на задниот дел, аеродинамичните елементи на каросеријата и интересниот покрив со две испакнатини над главите на патниците.

Новата осумка лежи на модулната платформа CLAR. Купето е долго 4 843, широко 1 902 и високо 1 341 мм. Растојанието меѓу двете оски е 2 822 мм.

Продажбите на G15 почнуваат во ноември со две модификации со двоен режим. Бензинецот M850i xDrive Coupe M Performance ќе биде опремен со 4.4 литарски V8 со моќност од 530 коњски сили и максимален вртежен момент од 750 Нм. Забрзувањето од 0 до 100 е за 3.7 сек.

Дизел верзијата 840d xDrive Coupe ќе има трилитарски мотор со 320 коњски сили и 680 Нм. Од место забрзува до 100 км/ч за 4,9 секунди. И двата агрегати се опремени со осумстепена автоматска трансмисија. Засега цените не се уште познати.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK