Лименките полнети со аеросол не смеат да бидат изложени на извор на топлина, а тоа е добро познато. Сепак, има и такви кои не се свесни за сите опасности.
На ова предупредува и Кристин Дебрехт од Мизури, чија ќерка оставила во возилото Honda лименка шампон.
Со оглед на тоа што температурата во внатрешноста од автомобилот се качила толку високо лименката експлодирала и како ракета излетала од автомобилот.
Покрај тоа што запалила добар дел од внатрешноста, го избила капакот на преградата, го искршила кровниот прозорец и завршила на земјата 15 метри подалеку од автомобилот.
„Оваа лименка шампон за суво перење на коса била оставена во центарот на конзолата во автомобилот. Капакот бил затворен. Било многу топло и лименката експлодирала“, рекла Кристин.
Колкава е штетата која се случила најдобро покажуваат фотографиите кои Кристин ги поделила на социјалните мрежи како би ги предупредила на опасност сите кои користат лименки полнети со аеросол, како дезодоранс и освежувач за простор.
На овој начин ги информира дека е многу опасно доколку претерано се загреат.
Слично предупредување стои и на лименките, а стои дека температурата на чување не смее да надмине 50 степени целзиусови.