Уште 30 часа остануваат до завршување на гласањето на On-Line анкетата на Националниот Избор на Автомобил на годината во Македонија. Имате шанса и вие да го дадете гласот за еден модел од осумте финалисти на Изборот.
Досега над 7.400 гласови добија осумте финалисти.
Онлајн гласање се спроведува преку платформата на www.COTY.mk (Автомобил на годината) каде е поставена анкетата.
https://coty.mk/#vote
Гласањето ќе трае до 28 февруари 2021 година до 23:59 часот.
Моделот (финалист) што ќе добие најмногу гласови од јавноста ќе добие еден глас и тој ќе биде рамноправен заедно со гласовите на членовите на Жирито и гласот на финалистите.
Со цел за порелевантни резултати од гласање, направени се ограничувања, и ќе биде возможно гласање за еден финалист само од IP адреса од Македонија. Исто така ќе биде можно да се гласа само еднаш во период од 24 часа.
Согласно условите за учество во Избор на Автомобил на годината за 2021 во Македонија, ве потсетуваме дека Националното жири за Избор на Автомобил на годината во Македонија ги одбра следниве возила кои влегуваат во финалето (по азбучен редослед):
Citroen C4
Land Rover Defender
Nissan Juke
Peugeot 2008
Skoda Octavia
Seat Leon
Toyota Yaris
VW Golf
Повеќе за сите финалисти можете да прочитате на следниот линк
Повеќе за 26. Избор на Автомобил на годината во Македонија можете да прочитате на следниот линк