Осмата генерација на Jaguar XJ во Париз ја прославува 50 годишнината од моделот

ОБЈАВЕНО НА:

Jaguar на претстојниот саем во Париз ќе слави несекојдневен јубилеј – 50 години од лансирањето на моделот XJ. Токму на саемот за автомобили во Париз во 1968 година, Jaguar за прв пат го претстави овој модел на светската јавност.

Прославата на овој јубилеј ќе започне со од фабриката на компанијата во Бромвич во англискиот град Бирмингем. Од овде конвој од Jaguar автомобили пред се моделот XJ од сите осум генерации ќе се упатат кон Париз. Попатно конвојот ќе го посети и музејот на Jaguar пред да ја напушти територијата на Велика Британија.

Во чест на овој модел, Jaguar на својот официјален YouTube канал сподели видео преку кое ја претставува еволуцијата на моделот преку досегашните осум генерации, од 1968 година па се до денес.

Инаку првата генерација на овој модел се појавила во 1968 година, а се произведувала во Ковентри (Англија), Кејп Таун (Јужна Африка) и Нелсон (Нов Зеланд). Овој модел бил достапен со 2.8 литарски XK I6, 4.2 литарски, XK I6 и 5.3 литарски V12 мотор. Во периодот од 1968 до 1973 година кога и се произведувале автомобили од првата генерација, биле произведени и продадеи 98.227 автомобили.

Во наредните децении, овој модел во континуитет се произведува, а последната, осма генерација се појавува во 2009 година која до денес е продадена во 114.373 примероци.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK