Oshan X5 – кинески SUV со европски гени

ОБЈАВЕНО НА:

Кинескиот производител Changan Automobile соопшти дека од ноември стартува продажбата за моделот Oshan X5.

Овој модел ја користи платформата на моделот Oshan X7, но доколку внимателно се набљудува екстериерот и ентериерот ќе може да се пронајдат одредени сличности со некои германски и италијански SUV модели. Оттука може слободно да се каже дека овој симпатичен SUV има европски гени, а одличниот дизајн му го отовра глобалниот пазар.

Во понудата ќе биде достапен само со еден мотор – 1,5 литарски турбо бензински мотор кој располага со 180 КС и 300 Nm обртни моменти. Во комбинација доаѓа со 7 степен менувач.

Oshan X5

Во стандардната опрема доаѓа со LED предни и задни светла, заден кровен спојлер, заден дифузор, хромирани завршетоци на издувниот систем, дигитална инструментална табла, напреден инфотејнмент систем како и двобоен кожен ентериер.

Oshan X5

Овој модел најпрво ќе се продава на кинескиот пазар, а не се исклучува можност да биде извезуван во околните земји. Цената засега не е позната.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK