Оризот како револуција во авто индустријата

ОБЈАВЕНО НА:

Се поставува многу интересно прашање, а тоа е дали оризто може да направи револуција во автомобилската индустрија? Како дел од пилот-проектот Seat тестира употреба на ориз како суровина на делови од превозни средства. Пластиката како замена за оваа база наречена ориз е во основата на проектот. Новата суровина се тестира за соодветност на елементи од опремата на Seat Leon.

Оризот е материјал, кој може да се меша и обликува со други термички стабилни и термпопластични композити. Како дел од пилот-проектот, сега се тестира материјал кој се состои од ориз, полиуретан и полипропилен.

Шпанскиот производител на автомобили првично ја користеше оваа смеса за да го тестира производството на делови на автомобили, кои претходно биле целосно изработени од пластика. Тие вклучуваат на пример делови на задната врата, двојна изолација на подот и друго обложување.

Надворешно новите делови на автомобилот не можат да се разликуваат од конвенционалните. Благодарение на нивната лесна конструкција тие тежат значително помалку, што обезбедува предност  како целокупна помала тежина на автомобилот. Последното, пак, од своја страна допринесува за намалување на емисиите на СО2 од автомобилот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK