Оперативниот профит на Mercedes скокна за 70 отсто

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот производител на луксузни возила Daimler пријави рекордна нето добивка за вториот квартал од годинава. Добивката е малку поголема од истиот период од 2016 година, и компанијата само ги потврди бизнис прогнозите за годинава.

Нето профитот на производителот Mercedes Benz пораснал за 0,4 отсто во второто тримесечје на 2017, споредбено со истиот период лани, достигнувајќи 2,44 милијарди евра, што е сепак нешто помалку од предвидувањата на аналитичарите.

Приходите пораснале за 7 отсто на 41,2 милијарди евра додека оперативниот профит пораснал за 15 отсто, на 3,7 милијарди евра.

Анализирајќи ги деловните резултати за првите шест месеци од годинава, приходите се зголемени за 9 отсто во однос на 2016 година, на речиси 80 милијарди евра, додека добивката од работењето пораснала за 43 отсто на 7,8 милијарди евра.

Оперативниот профит на работењето на Mercedes Benz пораснал за 70 отсто на 2,4 милијарди евра.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK