Од Opel објавија дека компанијата ќе се врати на рускиот пазар за автомобили уште во текот на оваа година, а во прв план се три модели. Тоа ќе бидат Grandland X, Zafira Life и Vivaro, кои ќе им станат достапни на корисниците во Русија во текот на последниот квартал од 2019 година. Се работи за моделите Zafira Life и Vivaro Transporter, кои ќе се произведуваат локално во фабриката на PSA во Калуга.
Од Opel објавија дека брендот постепено ќе го зголеми своето присуство во Русија, а планира лансирање и на други модели од сите пазарни сегменти, во кои ќе присуствува. Исто така од компанијата велат дека освен на искусни поранешни дилери на брендот во земјата, компанијата ќе смета и на нови дилерски центри. Првата бројка ќе биде меѓу 15 и 20, а во среден рок се очекува двојно да биде зголемена.
„Сериозното зголемување на нашиот профитабилен извоз е еден од клучните фактори во нашиот стратешки план. Руија е голем, стратешки значаен и атрактивен пазар со голем потенцијал“, вели Михаел Лохшелер, кој е извршен директор на Opel.