сабота, 26 јануари, 2026 година

Opel одбележува 50 години за Ascona и Manta (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Во 2020 година се одбележуваат 50 години од појавата на два од најпознатите модели во целата историја на Opel, моделите Ascona и Manta. Двата модели се едни од малкуте претставници на брендот, продавани успешно и на територијата на САД.

За да ги одбележи своите две легендарни возила во оваа година Opel ќе организира неколку специјални настани. Првиот ќе биде за време на Bodensee Klassik (7-9 мај).

- Advertisement -

Следниот настан ќе се одржи на 28 јуни во Риселсхајм, а таму се очекува да бидат вклучени околу 100 претставници на Ascona и Manta A, а од 25 до 27 септември ќе биде одржан и специјален собир на сопственици на Manta, а оранизаторите на собирот го избрале Тимердорфер Странд, каде пред 50 години била и медиумската премиера на оригиналната верзија на моделот.

Manta е претставена во медиумите во септември во 1970 година и на елегантното купе можат да бидат забележани амблеми, кои ја отсликуваат уникатната риба, manta ray, чија слика е креирана врз основа на фотографиите од познатиот француски морски биолог, Жак-Ив Кусто.

„Моделирано“ според таканаречените пони автомобили (достапни, компактни, за американските изложби, автомобили со исклучително стилски дизајн и обично голема моќност), кои се популарни во САД за тоа време, спортската Manta е позиционирана како автомобил, кој е со различен фокус од конвенционалното купе и традиционалниот седан. Како пони автомобилите, Manta е стилска, но истовремено со тоа и погодна и удобна за секојдневна употреба.

Ascona дебитираше на автомобилскиот саем во Торино во 1979 година, во информациите во весниците е објавена за „автомобил на техничката иднина“ (car of the technical future). Таа е позиционирана меѓу Kadett и Rekord и е насочена кон еден сè поголе автомобилски сегмент. До март 1975 година се произведени 691.438 примероци од моделот Ascona A.

Технолошки, суспензијата и движењето на Ascona и Manta се идентични. Предната оска е со независна суспензија на тркалата со спирални калеми и телескопски амортизери, додека одзади се користи цврста оска фиксирана со два надолжни краци и шипка.

Ascona се нуди во две верзии седан со две или четири врати во стандардни и луксузни модификации. Опремена е со 1.6-литарски, четирицилиндричен мотор со моќност од 68 коњски сили или во варијанта со повисок степен на компресија со 80 коњски сили во S-верзијата.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја