Opel очекува Crossland X да гo купуваат жени

ОБЈАВЕНО НА:

Одлуката на Opel да користи кросовер дизајн за новиот миниван Crossland X ќе му помогне производителот на автомобили да освои повеќе купувачи од женскиот пол.

Истражувањето на пазарот, спроведено од Opel, покажува дека Crossland X силно ги привлекува жените, изјави главниот извршен директор Карл-Томас Нуман на официјалната презентација на автомобилот во Берлин.

Продажбата на сабкомпактниот СУВ стартува летово и ќе го замени сличниот миниван Meriva. Ќе се продава покрај поагресивно стилизираниот субкомпактен СУВ Mokka.

„Жените го сакаат зашто сакаат седишта кои се високо позиционирани, како и поради 24-часовниот OnStar консиерж сервис, кој ти овозможува да резервираш хотел додека возиш“, рече шефот за маркетинг во Opel, Тина Мулер.

Дизајнот на Crossland X дели дизајнерски особини со Opel Adam, кој треба да биде шик ривал на Fiat 500.

Нуман рече дека Crossland X со 410 литри го има најголемиот багажник во неговата класа, како и технологија како што е лед лампи (LED headlamps), дисплеј со информации за возачот (head-up driver information display), како и камера со панорамски преглед зад возилото (a panoramic rear-view camera).

Crossland X ја дели платформата со идниот Peugeot 2008 и Citroen C3 Picasso, како дел од индустриското партнерство меѓу General Motors и Групацијата PSA. Промоциите на моделите на Peugeot и на Citroen ќе следат набрзо.

Opel моделот Crossland X и верзијата на PSA ќе се прават во Сарагоса, Шпанија.
Јавното деби на автомобилот е закажано за март годинава, на автомобилскиот саем во Женева.

Crossland X е првиот од вкупно седум нови модели на Opel, кои компанијата ќе ги промовира во текот на 2017 година. И тоа, хечбек и караван верзија на новиот Insignia модел од фамилијата на средната класа, кои ќе дебитираат на саемот во Женева. Годинава треба да пристигне и подигната Country Tourer верзија од караванот на Insignia.

Компактниот модел на Grandland X, кој е истотака развиен и со PSA, ќе биде презентиран кон крајот на годината. Ќе се продава паралелно со миниванот Zafira. Брендот во периодот мај – јуни ќе ја стартува и продажбата на целосно електричниот модел Ampera-e, сестрински модел на Chevrolet Bolt.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK