Opel со ново мото – „Иднината им припаѓа на сите“

ОБЈАВЕНО НА:

Со новото лого Opel ги нагласува сопствените очекувања: ја демократизира идната технологија и ја прави достапна за сите. Овој пристап е длабоко вкоренет со историјата на марката и во минатото секогаш се грижел новата технологија да биде што подостапна и пораширена за користење.

Тоа може да се види и од воведувањето на тристепениот катализатор како стандарден дел (1989 година), инсталирање на воздушни перничиња со целосна големина во сите патнички возила (1985), дебитирање на систем за персонална конективност и сервисна асистенција Opel OnStar (2015) и и актуелниот пазарен револуционерен e-автомобил Opel Ampera кој поседува возачк аавтономија од 520 км.

Новиот слоган на Opel првпат ќе се користи во кампањата за новата Insignia, заедно со дотерано лого. Во главна улога на промоцијата на Insignia е Јирген Клоп, познатиот фудбалски тренер.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK