Opel на мака со Adam и Corsa

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот производител Opel се најде на мака со моделите Adam и Corsa. Причината за ова е тоа што е утврдено дека овие модели испуштаат повеќе од дозволеното штетни гасови поради што ќе мора да се направи повлекување на спорните модели.

Оттука наредено е Opel да повлече дури 210 илјади примероци од овие модели, од кои само 54 илјади од Германија.

Оваа вест ја соопшти самиот производител. Во официјалното соопштение се наведува дека при контрола на тимот на Opel утврдено е дека испуштањето на гасови значително се зголемува при зголемени брзини.

Истовремено, токму за манипулацијата со издувни гасови, обвинителството во Франкфурт веќе има отворено истрага за Opel, па на овој потег се гледа како начин германскиот производител да се умилкува на истражните органи во земјата.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK