Opel веќе подолго време размислува на враќање на неколку легендарни модели во својата понуда, а последен во низата е моделот Monza.
Според неофицијалните информации, камбекот на овој модел ќе биде во форма на целосно електричен кросовер кој би се базирал на новата eVMP платформа на PSA Групацијата. Сериската SUV верзија би требало да располага со автономија од 650 км и да се појави до 2024 година.
Инспирацијата новата Monza ја има од истоимениот концепт со гулвинг врати претставен во 2013 година дело на дизајнерот Марк Адам.
Инаку моделот Monza прв пат во понудата се појавува во 1978 година, а четири години подоцна претставена е и втората генерација која на пазарот се задржува се до 1986 година.