Компанијата Opel официјално ја претстави најбрзата сериска електрична верзија на Mokka досега – Mokka GSE, модел инспириран од прототипот Mokka GSE Rally и означен со заводливата кратенка OMG! GSE. Со моќност од 207 kW (280 КС), брзина до 200 km/h и препознатлив ралi дизајн, Mokka GSE ветува секојдневно возачко возбудување како никогаш досега.
„Новата Mokka GSE ја носи енергијата на мотоспортот на улица. Го вложивме целото наше инженерство, перформанси и искуство од електричниот рели-куп во овој автомобил за секојдневни возбудувања,“ изјави Ребека Рајнерман, потпретседателка за маркетинг на Opel и Vauxhall.
Со моментален вртежен момент од 345 Nm, новата Mokka GSE забрзува до 100 km/h за само 5.9 секунди, а нејзината најголема брзина е 200 km/h. Возачот може да избере меѓу три режими на возење:
* Sport – целосна моќ и агилност,
* Normal – брзина до 180 km/h,
* Eco – максимална ефикасност.
Моделот има преден погон со Torsen диференцијал, специјално прилагодено шасија и двојни хидраулични амортизери, како и 54 kWh батерија. Со тежина под 1.6 тони, Mokka GSE поставува нови стандарди за електрични SUV возила.
Стил што привлекува внимание: GSE изглед инспириран од рели сцена
Дизајнот на Mokka GSE не остава простор за рамнодушност:
* аеродинамични 20-инчни алуминиумски фелни,
* Michelin Pilot Sport EV 225/40 R20 гуми,
* жолти GSE сопирачки,
* карактеристична жолта и црна GSE графика.
Во внатрешноста, доминираат спортските Alcantara седишта со интегрирани потпирачи за глава, жолт шев, алумински педали и нов волан со рамни горни и долни делови за спортско чувство. Инструмент таблата со 10-инчен дигитален дисплеј и централен екран на допир прикажува GSE податоци: забрзување, G-сила, батериски статус и уште многу други информации во уникатен GSE стил.
Со својата динамична технологија, агресивен изглед и рели ДНК, Opel Mokka GSE ќе стане синоним за електрична возбуда во градот и на пат. Светската премиера и почетокот на продажбата се очекуваат наскоро.
Следи уште информации, бидејќи Opel ветува – оваа Mokka навистина ќе предизвика “OMG!” реакции.