Opel Insignia GSi Sports Tourer – спортски караван без компромис

ОБЈАВЕНО НА:

Исклучително динамичен, неверојатно прецизен и моќен, придвижуван од новиот мотор во гамата – новиот спортски караван Opel Insignia GSi Sports Tourer има сè што е потребно, за да го освои срцето не само на возачот, туку и на целото негово семејство. Автомобилот дава ненадминливото чувство на задоволство при возењето, и бескомпромисен став кон просторот и практичност.

Новата Insignia GSi Sports Tourer нуди сѐ што спортски ориентираните возачи посакуваат. Овој спортски караван сега може да биде опремен со 154 КW/210 КС дволитарскиот BiTurbo дизел агрегат со силeн вртежен момент од 480 Нм. Меѓу стандардните карактеристики и можности на моделот се особено динамичната суспензија FlexRide прилагодена за овој спортски модел, иновативниот систем за погон на четири тркала со функција torque vectoring, гуми со зголемен степен на прилепување за подлогата и нова осумстепена автоматска менувачка кутија која може да се управува и со рачки зад воланот – речиси исто како кај тркачки автомобил.

Сите овие карактеристики и можности обезбедуваат исклучително активен стил на возење. Дизајнерите на Opel се потрудиле Insignia GSi Sports Tourer да има спортски изглед што совршено одговара на однесувањето на новиот модел. Големите хромирани отвори за воздух во предниот дел на возилото и почисти форми на задниот спојлер недвосмислено покажуваат дека тоа е најдобриот караван со спортски амбиции.

Внатрешноста му нуди на возачот одлична позиција зад спортскиот кожен облик на управувачот во специјално дизајнираното интегрирано спортски седиште развиено посебно од Opel GSi. Останатите патници уживаат во познатото високо ниво на удобност во Sports Tourer – со многу простор и на вториот ред седишта, до 1665 литри волумен на багажникот и комплетно решение за инфозабавниот систем и комуникациска поврзаност со Opel IntelliLink и Opel OnStar. Сето ова ја трансформира новата Insignia GSi Sports Tourer во ефикасен предводник кој носи повеќе возбуда и задоволство за секој дел од патот.

Insignia GSi Sports Tourer е опремена со моќен мотор со навистина импресивни карактеристики – новиот дволитарскиот дизел BiTurbo агрегат обезбедува максимална моќност 154 kW / 210 КС при 4000 вртежи во минута и максимален вртежен момент од 480 Nm со само 1500 вртежи во минута. GSi Sports Tourer BiTurbo забрзува од нула до 100 кам/ч. за само 7,9 секунди и достигнува максимална брзина од 231 км/ч.

За оние што сакаат бензински мотори предвиден е дволитарски мотор од 260 КС, способен да обезбеди максимален вртежен момент од 400 Нм во опсег од 2500 до 4000 врт./мин. Овој динамичен потенцијал ја испраќа Insignia GSi Sports Tourer за 7.5 секунди од нула до 100 км / ч и овозможува максимална брзина од 245 км/ч.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK