Opel Grandland X – Моќен автомобил со престижни атрибути

ОБЈАВЕНО НА:

Новодојденецот е сериозен предизвик во растечкиот сегмент на СУВ. Уделот на СУВ модели се зголеми од седум проценти од 2010 година на речиси 20 проценти во моментот. Идеално опремен, Grandland X неодамна беше промовиран како трет член на Х семејството на Opel. Тој се приклучи на "роднините", Crossland X и најпродаваниот Opel Mokka X, исполнувајќи ги највисоките очекувања.

Grandland X може да се добиe со новиот турбо дизелски 2.0-литарски мотор со 130 kW/177 КС (потрошувачка според NEDC циклус: градско возење 5,3-5,3* л/100 км., отворен пат 4,6 – 4.5* л/100 км., комбинирано 4,9-4,8* л/100 км., 128-126* г/км CO2) во комбинација со новиот, посебно ефективен осум-брзински автоматски менувач. Од друга страна, премиум “Ultimate” нивото на опрема ветува извонреден степен на удобност. Со почетна цена од 34.240 евра клиентите можат да уживаат во високо-технолошки работи, како што е предупредување за опасност од фронтален судир со детекција на пешаци и автоматско сопирање во случај на крајна потреба, со ултра-модерна технологија како AFL LED предни светла и напредна асистенција при паркирање со стандардна камера кој покрива 360 степени околу возилото.

Сертифицираните AGR (Aktion Gesunder Rücken) премиум ергономски седишта за возачот и на совозачот се тапацирани во кожа, со функција за греење не само на предните, туку и на двете задни седишта, подигнувајќи го комфорот на повисоко ниво. Одличната инфо-забава и дигитална поврзаност се гарантира благодарение на Navi 5.0 IntelliLink систем со осум-инчен екран во боја, компатибилен со Apple CarPlay и Android aвто функции.

Соодветни мобилни телефони можат дури и да се полнат безжично. Клиенти кои избрале “Ultimate” пакет може да слушаaт музика преку стандардeн Denon

премиум аудио систем, додека DAB +, го зголемување изборот и квалитетот на звукот на радио станиците. Сè е комплетирано со динамичен, “кул” дизајн, чиј ефект е компактниот СУВ на Opel едноставно да привлекува погледи што е уште понагласено кога во комбинација со две бои.

Grandland X овозможува динамично возење исто како што тоа го навестува со својот изглед и едно нешто поставува како приоритет: безбедно забавно возење во текот на целата година и на секоја подлога. Тоа може да му го заблагодари на IntelliGrip, што се нуди како опција, а е електронската контрола која обезбедува врвно влечење во различни ситуации. Возачот има избор од пет режими на возење. Системот потоа ја прилагодува распределбата на вртежниот момент на предните тркала, овозможувајќи пролизгување ако е потребно. На овој начин се обезбедува најдобра можна влеча и стабилно управување, без оглед на тоа дали Grandland X се движи на снег, кал, песок или влажен асфалт.

Grandland X, исто така може да се пофали со првокласно портфолио на на ултрамодерни системи што го прават патувањето порелаксирано: предупредување за опасност од преден удар со автоматско сопирање за итни случаи и детекција на пешаци, предупредувајќи на поспаност на возачот, напредна помош за паркирање и камера која опфаќа 360 степени околу возилото, се само некои од примерите. Системите што се нудат како опција, како прилагодлив темпомат со функција за сопирање, што ја одржува брзината и одбраното растојание во однос на возилото напред, и сопира до целосно застанување или го забрзува Grandland X се признати од страна на Еуро НЦАП што на Grandland X му додели пет ѕвезди.

Новиот СУВ на Opel доби добри оценки во сите четири категории за безбедност – заштита на возрасни патници, заштита на деца, заштита на пешаци и безбедносни системи.

Opel повторно ја потврди својата посветеност кон лидерската позиција во областа на технологија за осветлување, опремувајќи го Grandland X со блескава светлина, благодарение на адаптивните (AFL) LED предни светла, кои се стандардни во пакетот “Ultimаte”. Функциите како што е осветлување на свиоците, асистенција при долги светла и автоматско нивелирање на светлосниот сноп, гарантираат оптимално осветлувањето на патот во сите ситуации.

Покрај опционалниот електронски IntelliGrip систем за контрола на тракцијата и бројните системи за помош при возењето, темпераментните мотори, исто така, придонесуваат за возбудливоста во возењето на Grandland X. Во моментов, три мотори што се на располагање можат да се пофалат со ниска емисија – голем плус кога станува збор за намалување на трошоците врз основа на пониски даноци и економичност. Агрегатите може да бидат во комбинација со модерен, шест-брзински мануелен менувач или шестстепен автоматски менувач со оптимизиран степен на триење. Системот Старт/Стоп е стандарден, а 2.0 литарскиот турбо дизел доаѓа исклучиво со нов, елегантен, осум брзински автоматски менувач.

  • Предводникот, 2.0 литарски турбо дизел, испорачува 130 kW/177 КС при 3750 вртежи во минута и развива максимален вртежен момент од 400 Нм со 2.000 вртежи во минута. Сето ова придонесува за забрзување на Grandland X од 0 до 100 км/ч. за 9,1 секунда и максимална брзина од 214 км/ч. (потрошувачка на гориво 2,0 дизел според NEDC циклусот: град 5,3-5,3** л/100 км, отворен пат 4,6-4,5* л/100 км, комбиниран 4,9-4,8** л/100 км, 128-126** г/км ЦО2).
  • Турбо дизелскиотмотор од 1.6 литри со 88 kW/120 КС обезбедува максимален вртежен момент од 300 Нм од 1.750 вртежи во минута (потрошувачка на гориво по NEDC циклус: град 5.1-4.7 l / 100 km, отворен пат 4,2 – 3,5 л/100 км, комбинирано 4.6-4.0 л/100 км, 118-104 г/км ЦО2).
  • Целосно алуминиумскиот турбо бензински мотор со зафатнина од 1.2-литри со директно вшприцување на гориво обезбедува 96 kW/130 КС и максимален вртежен момент од 230 Нм, исто така од 1.750 вртежи во минута (потрошувачка на гориво по NEDC: град од 6.4-6.0 л/100 км, отворен пат 4,9-4,5 л/100 км, комбиниран 5,5-5,1 л/100 км, 127-117 г/км ЦО2).
Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK