Компанијата Opel планира да го намали производството на автомобили после летните одмори во фабритите во Германија. Оваа информација беше соопштена минатата недела, а се вели дека помалку автомобили ќе излегуваат од фабриките во Риселсхајм и Ајзенах. Причините се во намалената продажба и планираното намалување на трошоците.
Кај работниците на концернорт е засилена загриженоста дека ова ќе биде на долгорочен план и дека во наредниете години ќе се произведуваат сè помалку возила.
Благодарение на огромните заштеди кои ги води новиот француски сопственик, PSA Peugeot Citroen, во првата половина од годината Opel успеа да се врати кон рентабилното работење. Брендот првпат забележа позитивен резултат.
Французите го преземаа Opel пред околу една година и договорија со советот на работниците план за преструкрурирање, која веројатно вклучува и кратење на работните места.