Новиaтa Opel Frontera е подготвенa да стане омилениот семеен SUV. Моделот кој е електрифициран во секоја своја верзија, сега нуди уште една предност – опција за седум седишта со минимален дополнителен трошок од само 800 евра (во Германија). Основниот модел со пет седишта започнува од 24.190 евра, додека богато опремената верзија Frontera Hybrid GS со седум седишта чини 27.690 евра.
Голем простор и флексибилност: До 1.600 литри багажен капацитет
Со должина од 4.385 mm, ширина од 1.849 mm и висина од 1.635 mm, новиот Frontera нуди изобилство на простор за патници и багаж. Во петoсед конфигурација, багажниот простор е 460 литри, но со спуштени задни седишта (60:40 делба), се проширува до 1.600 литри.
Со избор на седумсед конфигурација, се додаваат уште две седишта во трет ред – идеални за деца или повремено возење возрасни. Седиштата во третиот ред може индивидуално да се преклопуваат, што овозможува комбинации за патување со шест лица и дополнителен багаж. Кога сите седишта се преклопени, се добива рамна и голема површина за товарање.

Практични решенија и удобност за сите патници
Opel ги има предвидено и најмалите детали за зголемена практичност. Големото меѓуоскино растојание (2.670 mm) овозможува лесен пристап до третиот ред, а високата каросерија и исправените странични линии нудат повеќе простор за глава и рамена.
Frontera GS стандардно доаѓа со:
Intelli-Seats седишта со специјален вметок за намален притисок врз опашната коска
10-инчен инфотејнмент дисплеј и екран за возачот
Автоматска клима
LED светлосна опрема (фарови, покажувачи, стопови)
Задна камера со агол од 130 степени
Исто така, патниците ќе уживаат и во:
Безжично полнење на мобилни уреди
5 USB-C порта (2 напред, 2 во среден ред, 1 во трет ред)
Опремена за секојдневни авантури
Со хибриден систем од 81 kW (110 КС) и потрошувачка од 5.2–5.3 l/100 km, Opel Frontera е економичен, удобен и идеален за поголеми семејства или активни патници. Благодарение на достапната цена, практичната внатрешност и опременоста, Frontera ја поставува новата граница за SUV во овој сегмент.









