Петтата генерација на Opel Corsa повторно е бестселер, и штотуку ја прими 750.000 нарачка за овој модел од Б сегментот. Возилото беше лансирано на пазарот во март 2014 година, и успехот доаѓа по само три години откако е во понудата.
Возилото ја продолжува успешната приказна почната со првата генерација на Corsa уште во 1982 година. До денес повеќе од 13 милиони возила Corsa се произведени вклучувајќи ги и бројките на последната генерација што сега е во продажба.
Петтата генерација на Corsa доби и бројни награди во овие три години откако се нуди на пазарот, меѓу кои и титулите за „најмал автомобил на годината за 2016“ во Ирска, „Еколошки автомобил за 2016“ во Летонија, „Најрационално купување за 2015“ и „Шампион на вредноста за 2015“ во Германија, како и АУТОБЕСТ признанието за „вложено-добиено“ за 2015 година