Овој автомобил е продаден за 277.0000 долари – вреди ли толку?

ОБЈАВЕНО НА:

Bring A Trailera, компанија за продажба на класични и ретро автомобили спроведе продажба на Acura NSX во специјалната Zanardi едиција.

Овој автомобил кој датира од 1999 година е продаден за точно 277.017 американски долари што е за нешто повеќе од тројно од продажната вредност пред 21 година кога се продавал за 84.745 долари.

Иако вредноста по која е продаден се најде на мета на оспорување, сепак треба да се знае фактот дека е само еден од вкупно 51 примерок произведени воопшто. Станува збор за специјална едиција која Honda ја направи исклучиво за американскиот пазар, а кој јапонскиот производител го подари на AMA Superbike шампионот Мигуел Дуамел.

Acura NSX Zanardi Edition

Со овој автомобил Дуамел има поминато нешто помалку од 12 илјади милји што е околу 19.300 км. Оттука, овој автомобил се наоѓа во одлична состојба, како ентериерно и екстериерно така и во поглед на моторот.

Acura NSX Zanardi Edition

Во однос на мотористиката, овој примерок распоалга со 3,2 литарски VTEC V6 мотор со 290 КС и 303 Nm обртни моменти.

 

[totalpoll id=”43475″]

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK