Американскиот технолошки гигант Tesla повторно е во центарот на вниманието откако се појави видео од моментот кога експлодираше нов модел S.
Настанот кој се случи пред неколку денови на паркинг во Шангај, брзо го обиколи светот, а на видеото кое се појави на YouTube, може да се види моментот кога овој автомобил пламна во оган.
Телевизиската мрежа CNBC објви дека од Tesla веднаш испратиле тимови за да го истражат инцидентот, меѓутоа досега од американскиот производител не излегоа со официјално соопштение околу овој инцидент.
Инаку ова не е прв ваков инцидент поврзан со Tesla, а поради зголемениот ризик од пожар многу често се дискутира околу безбедноста на електричните автомобили и нивните слаби страни.