Огромен пад на продажбата во В.Британија – Corsa најпродавано возило

ОБЈАВЕНО НА:

Од лошо, полошо. Продажбата на нови возила во Велика Британија оствари нов, голем историски пад. Во јануари годинава продажбата на нови возила оствари пад од 39,5% продавајќи при тоа само 90.249 нови возила, што е најлош резултат од 1970 година.

И овој јануари, сепак, продолжува трендот на популаризација на возилата со еколошки погон, чија продажба порасна за нешто над 40%. Од друга страна возилата со бензински мотор остварија пад од 50,6% додека оние на дизел 62,1%.

Најпродавано возило во првиот месец годинава е Vauxhall Corsa со продадени 3.078 примероци. Следи Kia Sportage со 2.986 примероци додека на третата позиција е Nissan Qashqai со 2.835 примероци.

Ford Fiesta минатата година беше најпродаван автомобил, но оваа година ја стартуваше со продадени 2.594 примероци. Во топ 10 најпродавани возила за јануари годинава се наоѓаат уште и: Volvo XC40, Mercedes-Benz A Class, Volkswagen Golf, Ford Puma, Kia Niro и Ford Focus.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK