вторник, 25 декември, 2025 година

Официјално се бара: Од 2028 година да се забрани продажбата на возила со дизелски и бензински мотори

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

И додека се уште трае дискусијата за тоа колку навистина загадуваат електричните возила и дали тие се повеќе еколошки во однос на оние со традиционален мотор, влијателната организација за заштита на околината GreenPeace испрати барање до Европската Унија.

Според истото барање, а повикувајќи се на одредбите од климатскиот договор потпишан во Париз, се бара забрана за продажба на возила опремени со дизелски и бензински мотор по 2028 година.

- Advertisement -

Дополнително, со барањето се бара и забрана за движење на возила опремени со традиционален мотор по 2040 година.

GreenPeace бара земјите значително да инвестираат во развој на велосипедски патеки и еколошкиот јавен превоз, особено железниците.

Останува да видиме како ЕУ ќе одговори на ова барање и дали навистина е веќе поечтокот на крајот на моторите со внатрешно согорување. Сега изгледа доста тешко остварливо тоа, но веројатно е дека алтернативните погони треба да бидат повеќе користени во иднина.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја