сабота, 26 февруари, 2026 година

Официјално претставен Volkswagen Taos – ќе го возат само Американци

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Она што беше најавено уште раната пролет и конечно се официјализира – Volkswagen го претстави моделот Taos наменет за американскиот пазар.

Станува збор за SUV модел именуван според градот Taos во Мексико. Се темели на истата архитектура и технологија како и моделот Volkswagen Tharu кој од 2018 година се произведува и продава во Кина.

- Advertisement -

Сепак американската верзија е за малку димензионално помала. Должината изнесува 4.465 мм, висината 1.632, ширината 1.841 додека пак меѓуоскиното растојание 2.690 мм. Багажниот простор изнесува 796 литри, а максималниот багажен простор 1.877 литри.

Volkswagen Taos

Во однос на мотористиката, централно место во понудата ќе заземе 1,5 литарскиот четирицилиндрен турбо бензински мотор со 118 kw односно 160 КС и 250 Nm обртни моменти. Купувачите ќе може да одбираат помеѓу верзии со погон на двете предни или сите четири тркала како и осум степен автоматски или седум степен менувач.

Во стандардната опрема доаѓа со дигитална инструментална табла како и 8 инчен инфотејнмент систем. Тука се и добро познатите системи за безбедност и асистенција на возачот како и оние кои овозможуваат одлична комоција при патувањето, како на кратки така и на долги дистанци.

Volkswagen Taos

Производството стартува следната година во Пуебла, Мексико. Почетната цена сеуште не е позната, но е познато дека ќе биде понудена со три нивоа на опременост.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја