Официјално претставен Toyota Urban Cruiser

ОБЈАВЕНО НА:

Toyota на почетокот на август го најави враќањето на моделот Urban Cruise – 15-тина години по последот произведениот примерок. Сега и официјално го претстави овој модел во Индија.

Станува збор за модел кој ќе биде достапен само на пазарот во Индија за кого јапонскиот производител изминатите неколку месеци претстави неколку новитети.

Овој модел во целост се базира на Suzuki Across па оттука и некои дизајнерски црти кои потестуваат на Suzuki Vitara. Со ова практично продолжува соработката помеѓу овие два јапонски производители кои изминатите неколку месеци претстави нови модели кои користат платформа и технологија на Toyota или Suzuki. Така Suzuki го искористи RAV4 за да го објави новиот модел во Индија додека ребрендирано Suzuki Baleno се продава во оваа земја под знакот на Toyota.

Toyota Urban Cruiser

Централно место во понудата зазема моторот на Suzuki – 1,5 литарскиот бензински мотор со 105 КС и 138 Nm кој во комбинација доаѓа и со мануелен и со автоматски менувач.

Во поглед на димензиите, должината изнесува 3.995 мм, широчината 1.760 мм, височината 1.550 мм додека пак меѓуоскиното растојание 2.500 мм.

Toyota Urban Cruiser

Инаку за прв пат овој модел Toyota го претстави во 2002 годин, а пет години подоцна и втората генерација која меѓудругото се продаваше и во Европа, Северна Америка и Латинска Америка.

Продажбата во Индија стартува во октомври.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK