Официјално претставен Renault Kiger – засега само за Индија

ОБЈАВЕНО НА:

Официјално Renault го претстави малиот и футуристички SUV модел именуван како Kiger. Премиерата доаѓа само неколку месеци откако го претстави концептот.

Како што е познато, станува збор за субкопактен кросовер наменет за пазарот во Индија, а чие производство стартува уште оваа пролет во фабриката на Renault-Nissan во Ченаи, Индија.

Моделот се темели на Renault–Nissan CMF-A+ платформата, истата онаа која се користи кај Nissan Magnite и Renault Triber. Должината изнесува 3.991 мм, висината 1.600 мм, ширината 1.750 мм додека пак меѓуоскиното растојание 2.500 мм. Тежината на истиот изнесува 1.012 кг.

Во однос на мотористиката, овој модел ќе биде достапен со две верзии на 1,0 литарскиот бензински мотор. Едниот е со турбо и продуцира 100 КС и 160 Nm додека пак послабиот располага со 72 КС.

Renault Kiger

Моделот се темели на Renault–Nissan CMF-A+ платформата, истата онаа која се користи кај Nissan Magnite и Renault Triber. Должината изнесува 3.991 мм, висината 1.600 мм, ширината 1.750 мм додека пак меѓуоскиното растојание 2.500 мм. Тежината на истиот изнесува 1.012 кг.

Овој модел ќе се продава исклучиво на пазарот во Индија каде ќе конкурира на моделите Kia Sonet, Hyundai Venue, Maruti Vitara Brezza и Toyota Urban Crusier.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK