Официјално претставен Nissan Magnite

ОБЈАВЕНО НА:

По долгите најави Nissan конечно ја одржа светската премиера на моделот Magnite. Премиерата доаѓа откако во јули јапонскиот производител го претстави истоимениот концепт.

Екстериерот и ентериерот се идентични како и на досегашните рендери однсоно како и концептот.

Се базира на CMF-A+ платформата која ја користат неколку модели од Renault-Nissan-Mitsubishi Алијансата. Должината изнесува 3.995 мм додека пак клиренсот 205 мм.

Nissan Magnite

Располага со 1,0 литарски бензински мотор со 72 КС и 96 Nm. Во понудата место има и и за помоќниот мотор со 95 КС. Не се очекува помоќна мотористика од проста причина што станува збор за мал SUV со околу четири метри должина.

Во внатрешноста доминира инфотејнмент системот со 8 инчен екран осетлив на допир. Nissan објави дека овој концепт во сериска изведба ќе дојде со темпомат, камера од 360 степени и бројна друга напредна технологија.

Nissan Magnite

Во производство влегува во јануари следната година кога ќе стартува и продажбата. Ќе се продава само во Индија и околните земји, па оттука главни конкуренти ќе му бидат Hyundai Venue, Maruti Vitara Brezza, Tata Nexon, Ford EcoSport, Mahindra XUV300, Kia Sonet…

Следете не и на:

24AUTO NETWORK