Официјално: Претставен електричниот кинески Rolls-Royce (ФОТО/ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Овој целосно електричен автомобил во стилот на Rolls-Royse нуди изобилство на екрани во кабината и забрзување до 100 км/ч за помалку од четири секунди. Новиот електромобил, дело на кинескио премиум бренд Hongqi на концернот FAW, е сериско спроведување на концептот E115, претствен на минатогодишниот саем на автомобили во Франкфурт. Трговското име на моделот е Hongqi E-HS9.

Благодарение на доста фотографии и протекување на податоци од базата на кинеското Министерство за индустрија, изгледот и техничките карактеристики на серискиот електромобил се појавија во мрежата неколку месеци после премиерата. Во јули годинава серискиот кросовер Hongqi E-HS9 беше забележан на еден од локалните саеми, а сега производителот објавува официјални фотографии на електромобилот. Во линијата на моделот на брендот тој ја има улогата на флагманот.

Однадвор, серискиот електричен автомобил Hongqi E-HS9 речиси целосно го повторува шоу автомобилот E115. Освен модерната двокатна LED оптика, генерално кинескиот кросовер е сличен на моделите Rolls-Royce. Електричниот кросовер оваа сличнот ја должу на поранешниот главен дизајнер на британскиот бренд, Жил Тејлор, кој одговара на појавата на новиде модели Hongqi од 2018 година досега.

Предниот дел на новиот кросовер е украсен со лажна решетка на ладилникот со вертикални ребра, заобиколена од двете страни со L-образни DRL. Задните светла се визуелно поврзани во еден блок со специјална матрица. Производителот нуди двотонска боја на купето, како и избор меѓу 21 или 22 инчни тркала.

Веројатно новиот електромобил е базиран на платформа, развиена директно од концернот FAW. Димензиите на Hongqi E-HS9 се споредливи со оние на Rolls-Royce Cullinan. Должината е 5.209 мм, ширината е 2.010 мм, а висината е 1.731 мм. Растојанието меѓу оските е 3.110 мм.

Што е однесува до ентериерот, новиот кросовер има нешто што може да го израдува и изненади. На пример во предниот дел има четири екрани одеднаш, од кои секој има сопствена улога. Првиот е на контролната табла, вториот е на мулдимедијата, третиот е личниот дисплеј на патникот, четвртиот е за контрола на климата и другите секундарни функции. Исто така има и дисплеј кај потпирачот за грб на предните седишта. Покрај тоа столовите од првиот и вториот ред имаат функции на вентилација и масажа.

https://youtu.be/bgEdrlMk6OU

Веќе е познато дека новиот кинески електромобил Hongqi ќе се нуди во две верзии. Основната верзија ќе биде опремена со двојка електромотори од 218 коњски сили. Топ варијантата има еден мотор со моќност од 218 коњски сили инсталиран напред, а одзади компанијата му има направено друг мотор со моќност од 333 коњски сили. Според кинеските медиуми, батеријата е со капацитет од 92 кВтч. Нема веродостојни информации за километражата со едно полнење, а според некои податоци е 500 километри, додека според други 600 км.

Hongqi E-HS9 треба да почне со продажбите во Кина на крајот од годинава. Цената како и подеталните карактеристики ќе станат познати подоцна.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK