Создавачите на хипер автомобилот Corbellati Missile на штандот на саемот во Женева имаат со што да се пофалат бидејќи ова возило го сметаат за најбрзото во светот.
Најавена е максимална брзина од 500 км/ч, а доколку овој резултат успее да биде постигнат ќе се должи на 9-литарскиот V-образен осумцилиндричен мотор кој располага со неверојатни 1800 коњски сили.
Максималниот момент на вртежи е 2 350 об/мин. Прво овој мотор бил предвиден за бродови, но била направена измена во планот. Сета моќност се предава на задните тркала, каде што е монтиран и специјален самоблокирачки диферанцијал.
Шестстепениот секвенцијален менувач, пак, е позајмен од тркачки автомобил. Се разбира големите карбон-керамички сопирачки реагираат на запирање.
Се очекува сето она што е најавено Corbellati Missile да го потврди и на практика.