Официјално: Познат изгледот на Kia Picanto пред промоцијата во Женева

ОБЈАВЕНО НА:

Пред десетина денови од Kia стигнаа првите скици околу изгледот на новото Picanto, неколку денови подоцна истото возилот беше „фатено“ на улица од папрацо фотографите.

Светската премира на моделот ќе биде на саемот во Женева пролетва, а компанијата ги потврди и официјалните фотографии за изгледот на возилото.

Според официјалните информации возилото доаѓа со нов изглед, и 15 мм. подолго меѓуоскино растојание, и сега истото ќе биде долго 2.400 мм. а ќе ја задржи истата ширина од 3.595 мм.

2018-kia-picanto-2

Ќе има поголем избор на бои за каросеријата, а преработена е и внатрешноста на возилото, со додавање на најновата тефнологија, со нов тачскрин инфотаиментен систем, автоматска клима, мултифункционален волан, греење на седиштата, AUX и USB приклучок, кожни седишта со контраст на конците и други работи како стандардна или дополнителна опрема.

Kia исто така вели дека нивната кабина не се само бројки туку нуди многу повеќе од конкуренцијата.

2018-kia-picanto-4

Нема потврда за моторите, но од порано се претпоставува дека на пазарот Kia Picanto 2017 ќе биде со трицилиндричен, еднолитарски мотор или 1,25 литарски познат од семејството Kappa. СЕ претпоставува дека ќе има во понудата и мотор 1.0 T-FDI со три цилиндри турни што ќе биде позјамен од Cee’d.

Најверојатно основниот модел ќе биде со петстепен менувач, а автоматскиот би требало да биде опција за нарачување.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK