Она што на почетокот на минатиот месец го објавија српските медиуми сега добива и на официјално потврда – парламентот на Србија ја усвои измената на законот за надокната за користење на јавните добра.
Со ова патарините на сите патни правци во Србија поскапуваат за 12%, а од работната група која го подготвуваше нацрт законот наведуваат дека со ова зголемување се прави делумно согласување со барањата на Европската Унија со што цената на патарината ги покрива реалните трошоци за одржување на патната инфраструктура.
Според новиот ценовник, патарината од Нови Сад до Белград би чинела 235 динари наместо досегашните 210 динари додека од Белград до Суботица ќе мора да платите 627 динари наместо досегашните 560 динари.
Тоа значи дека доколку патувате низ Србија ова лето ќе мора да одвоите дополнителни финансиски средства.