Официјално: Ова е новата Lada и ќе чини 5.200 евра (Фото + Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Lada сака повторно да се врати на пазарите како сериозен играч па затоа веќе нуди модели што треба да бидат ем евтини, ем конкурентни. Неколку дена пред откривањето на саемот во Москва, АвтоВАЗ официјално ја претстави новата Lada Granta.

Интересно е, ќе се продава во пет модификации – седан, лифтбек, комби, хачбек и крос верзија.

Инаку внатрешноста е позајмена и модернизирана од моделот Калина, а агрегатите се стари. Тоа се 1,6 литри бензински мотори со моќност од 87, 98 и 106 коњски сили. Трансмисиите се три – механички, автоматска и роботизирана.

Старт на продажбата е планиран за 1 септември, а цената од почеток е 419 900 рубли – сума која изнесува околу 5.200 евра

https://youtu.be/X5g3DlhrA1c

Видете повеќе за новата гранта и нејзините модификации.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK