среда, 25 декември, 2025 година

Официјално: Откажана е трката за ГН Австралија

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

По бројните информации и претпоставки дали ќе има или не трка во Мелбурн, и по појавата на случај на корнавирус на член на тимот на McLaren, заедничко соопштение издадоа ФИА, Формула 1 и организаторот на ГН Австралија.

„По потврдата дека член на тимот на McLaren Racing е тестиран позитивно за КОВИД-19 и одлуката на тимот да се повлече од ГН Австралија, ФИА и Формула 1 свикаа состанок на другите девет директори на тимот во четвртокот навечер. Од овие дискусии се донесоа заклучоци со мнозинството на тимовите дека трката не треба да се одржи.

- Advertisement -

ФИА и Формула 1, со целосна поддршка од австралиската корпорација за гран-при (AGPC), затоа донесе одлука дека целата активност на Формула 1 за Гран-при на Австралија е откажана.

Ние цениме дека ова е многу разочарувачка вест за илјадниците навивачи што требаше да присуствуваат на трката и сите сопственици на билети ќе добијат целосна компензација, а понатаму ќе биде соопштено за понатамошните чекори.

Сите учесници на состанокот ги зедоа предвид огромните напори на АГПЦ, Моторспорт Австралија, персоналот и волонтерите да ја организираат првата трка на СП во ФИА Формула 1 за 2020 година во Мелбурн, но сепак заклучија дека безбедноста на сите членови на семејството Формула 1 и пошироко заедницата, како и правичноста на конкуренцијата имаат приоритет.

Во јавноста се појавија и информации дека неколку часа пред да биде овој состанок двајца возачи, Кими Раиконен и Себастијан Фетел веќе донеле одлука за заминување и веќе имале добиено авионски билети да се вратат дома.

Следната трка, во Бахреин ќе се вози без присуство на гледачи.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја