Официјално: Наследникот на Citroen C4 со електричен погон

ОБЈАВЕНО НА:

Култниот модел C4 на Citroen и дефинитивно ќе добие наследник и тоа со електричен погон, потврдуваат од францускиот производител. Инжинерите на PSA Групацијата веќе работат на новате генерација на C4 која ќе дојде како директен конкурент на Nissan Leaf и Volkswagen ID.3.

Оттаму потврдуваат дека новата генерација ќе се базира на CMP модуларната платформа која се користи и кај новите генерации на Peugeot 208 и Opel Corsa. Тоа значи дека овој модел нема да се базира на EMP2 платформата која се користи кај Peugeot 308 иако двата автомобили спаѓаат во исти класи.

“Следната генерација на C сегментниот хечбек на Citroen ќе биде понуден со бензински, дизелски и 100% електричен погон и ќе се базира на новата CMP платформа на PSA” изјавија од Citroen.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK