Официјално: Maserati го претстави Ghibli Hybrid

ОБЈАВЕНО НА:

Maserati и официјално ја претстави хибридната верзија од моделот Ghibli. Со ова, Ghibli е првиот модел на италијанскиот производител кој добива хибридна верзија.

Станува збор за автомобил кој требаше да биде премиерно претставен во Пекинг, во април годинава во рамките на саемот за автомобили, но поради пандемијата од коронавирусот истата беше одложена.

Ghibli Hybrid комбинира 2,0 литарски четирицилиндрен турбо бензински мотор со додатен електричен компресор како и батерија сместена во задниот дел на возилото. Оваа верзија при тоа продуцира 330 КС и 450 Nm при 1.500 обртаи во минута. Забрзувањето до стотка изнесува 5,7 секунди, а производителот наведува дека максималната брзина која може да ја постигне изнесува 255 км/ч.

Maserati Ghibli Hybrid

Во поглед на дизајнот оваа верзија доаѓа со помали надворешни промени додека во внатрешноста впечатлив е новиот 10,1 инчен екран и напредниот Maserati Intelligent Assistant мултимедијален систем.

Maserati Ghibli Hybrid

Ghibli е првиот модел на италијанскиот поизводител кој доби хибридна верзија. Во наредниот период, Maserati ќе ја збогати својата понуда и со хибридните верзии на Levante и Quattroporte.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK