Офанзива на Opel: “7 модели во 2017“

ОБЈАВЕНО НА:

Следната година Opel тргнува во голема офанзива, и тоа во сите категории. Како никогаш досега компанијата ќе има многу нови модели, планирани се вкупно 7. Дел од планот на Opel е промовирање на 29 модели во периодот од 2016 и 2020 година. Истовремено во овој период ќе бидат ревидирани и позиционирањето и порфолиото на компанијата.

Opel треба да стане потполно нова марка со промовирањето на овие модели. „ Ја демократизираме електро мобилноста со новата Ampera-e. Втората генерација на Insignia демонстрира нов вид на елеганција, помалку маса и спортски изглед. Со новите кросовер модели во Б и Ц сегментите, се проширува нашетопортфолио во решавачката ера, што на нашиот раст ќе даде значителен потстрек“, вели Карл Томас Нојман, Главниот Извршен директор на Opel.

Кои модели се дел од револиционерниот период:

1. Ampera-e. Со автономија од 500 км. чисто на електричен погон, моделот на Ampera-e ќе доминира во својата класа. Покрај тоа, Ampera-e со 204КС ќе пружа и перформанси на спортски автомобил, со пространост на модел од Ц сегментот.

2. Opel Insignia Grand Sport – седан со пет врати, која го краси силуета на купе, спортск ауправливост и погон на сите четири тркала.

3. Opel Insignia Sports Tourer – ја дели својата филозофија со визионерскиот Opel Monza Concept студијата од 2013 година. Во споредба со претходникот, внатрешниот простор е значително зголемен, особено кога станува збор за клупата за седење позади и багажниот простор.,

4. Opel Insignia Country Tourer – е всушност sport tourer трансформиран во авантурист со погон на сите тркала и „оф роуд“ атрибути. Новиот Coutry Tourer е вистински избор за љубителите на зимски спортови, приорда, и сите оние што знаат да ја ценат индивидуалноста.

5. Opel Vivaro – новата успешна верзија на моделот донесува нов комфорт и флексибилност за патниците

6. Opel Crossland X . Овој новак ќе има задача да донесе дополнителен потстрек кога станува збор за трендот што подразбира спортски настроени и пространи ЦУВ модели.

7. Нов ЦУВ во сегментот во ниската средна класа, особено за спортски ориентираните кросовери што ќе се придружат на Astra и Zafira.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK