Офанзива: Audi спрема најмалку четири нови модели за 2018

ОБЈАВЕНО НА:

Руперт Штадлер, претседателот на Audi потврди дека компанијата подготвува за промовирање најмалку четири нови модели до средината на следната година.

Иако компанијата не открива сѐ уште за кои модели се работи, речиси сигурно е дека тоа се моделите A6 и А7 sportback за почетокот на 2018 година, а другите модели за кои се претпоставува се А1 и Q3.

Штадлер откри дека компанијата подготвува и премиум електричен компактен автомобил за 2020 година. Се претпоставува дека тоа треба да биде ривал на Tesla Model 3.

Во 2018 година ќе биде промовиран и Q8 како и целосно електричниот Audi e-tron.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK