Одлучено е! Новата Opel Astra L ќе се произведува заедно со DS4

ОБЈАВЕНО НА:

Актуелната генерација на Opel Astra се произведува во Полска и Велика Британија, но од следната генерација, L, овој модел ќе се произведува исклучиво во Риселсхајм.

Оваа одлука ја донесе PSA Групацијата која се подготвува активно за спојувањето со FCA Automobili. Според истата одлука, во оваа фабрика ќе се произведува и втората генерација на моделот DS4.

Целта со овие промени е целосно искористување на капацитетот на фабриките, особено онаа во Германија со што ќе остане под знак прашалник функционирањето на фабриките во полскиот град Гливице и во Илсмер во Велика Британија.

И двата модели во производство во оваа фабрика треба да се појават во текот на следната година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK