Одлична шанса за вработување: Volkswagen има недостаток од инженери

ОБЈАВЕНО НА:

Недостатокот на квалификувани инженери може да предизвика проблеми со сертифицирањето на моторите по новиот стандард WLTP, кој стапува на сила од септември. Вакви проблеми имаат во Volkswagen, а според првите луѓе на компанијата ова може да предизвика потешкотии во производството и забавување на целиот процес.

Volkswagen има проблеми со сериозен одлив на специјалистите после избувнувањето на „Дизелгејт“ во 2015 година кога властите во САД го обвинија концернот за систематска обработка на нивото на емисии на штетни гасови и за инсталирање на софтвер за манипулирање.

„Регулаторните органи почнаа да бараат многу повеќе од што е потребно. Сега работите ги гледаат на сосема различен начин во однос на мерењето на емисиите на штетни гасови. Се интересираат дури и со какви гуми е тест автомобилот и дали климата работи за време на испитувањата“, велат од Volkswagen.

Во јуни раководството на Volkswagen ги предупреди акционерите, дека планираниот обем на производство може да не биде достигнат поради новиот циклус. Отстранувањето на проблемите поврзани со воведувањето на WLTP, ќе го чини концернот 1 милијарда евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK